Фото: Принтскрин
Македонскиот пејач и победник на „Ѕвездите на Град“, Никола Станишиќ преку статус на социјалните мрежи испрати јасна порака до критичарите.
„Во изминатите денови на одредени портали се појавија статии кои содржат неточни информации и погрешно пренесени изјави од мои интервјуа. Насловите се така креирани што немаат никаква врска со она што навистина е напишано, со цел да се создаде погрешна слика на читателот за мене, а цитираните реченици се извадени од контекст.
Настапувам и работам на повеќе места, тоа е дел од кариерата, НЕ преселба и НЕ споредба меѓу држави.
Јас МАКЕДОНИЈА ја претставував и се уште каде и да одам ја претставувам во НАЈУБАВО можно светло. Затоа што сум си ГОРД МАКЕДОНЕЦ!
Македонија е мојот дом, мој корен и моја публика што прва ми даде поддршка.
Секогаш со гордост го носам тоа што доаѓам од Македонија! Достапен сум за интервјуа и за медиуми, но очекувам коректно и професионално пренесување на моите зборови, без манипулативни наслови.
Ги замолувам сите луѓе да не веруваат во се што ќе прочитаат. ![]()
Со почит, Никола Станишиќ“, напиша Никола.

