Фото: Принтскрин
Емотивна сцена беше забележана на првата пауза од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кога една мајка на жртва ги послужи новинарите и останатите со кафе.
„Никаде не одиме без кафе, син ми многу пиеше кафе. Ајде напијте се“, кажа мајката додека делеше кафе.
Утрово почна судскиот процес против 35 обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
