Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Професорот Трајковски: Најразумен совет во моментов е – да не купувате станови во Скопје

Gladiator 18/11/2025

Професорот Дејан Трајковски често коментира за актуелните случувања во Македонија, а една од темите беа цените на становите кои во изминатиот период „летнаа во облаци“.

Трајковски смета дека во моментов не е паметно да се купуваат станови затоа што цените се „напумпани“.

„Цените на становите во Скопје речиси се удвоија во последниве 5–6 години, што јасно го покажува индексот на цените кој од 100 се искачи на 192,80. Инаку, овој индекс е изготвен од НБРСМ врз основа на податоци за огласени станови за продажба на територијата на градот Скопје.

Дали цените ќе продолжат да растат? Одговорот, за жал, е секогаш ист: ќе растат сè додека постојат луѓе подготвени да плаќаат вакви неразумни суми, често само поради желбата „по секоја цена“ да се живее во Скопје.

Ова е последица на неолибералните политики на сите наши претходни и сегашни влади, според кои државата не треба да се меша во економијата, а иницијативата им е целосно препуштена на приватните градители. Тоа не е ниту фер ниту нормално. Впрочем, дури и во Сингапур, земја со едни од најлибералните економски политики во светот, државата преку својата јавна компанија HDB им гради станови на своите граѓани по прифатливи цени.

И во Македонија постои јавно претпријатие што гради државни станови, но со една клучна разлика: цените се формираат на пазарот, преку наддавање, наместо да бидат засновани врз производните трошоци, со минимална профитна маржа за државата. Дали постои политичка партија што ќе се заложи за ваков модел, или ќе продолжиме да дозволуваме урбаната мафија да дивее и да им ја цица крвта на граѓаните?

Во моментов најразумниот совет би бил: не купувајте станови во Скопје, затоа што едноставно не вредат толку. Работејќи дури и за нешто пониска плата во внатрешноста, ќе задржите многу повеќе пари отколку ако работите за банките и приватните градежни компании кои немаат мера во својата алчност.

“Домовите се за да се живее во нив а не да се шпекулира со истите”. – Си Џинпинг – Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина (КПК), Претседател на НР Кина“, пишува Трајковски.

Tags: згради станови цени

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Голем пожар го „проголта“ облакодерот „Вјесник“ кој е изграден во време на Тито
Next: Деан од Велес: Кај мене во дуќан дојде Златен, болен од рак, нема 500 денари за хемотерапија во Скопје

Најново

  • Еден милионер на секои 12 жители! – Еве како Милано стана најбогатиот град во Европа
  • (ВИДЕО) Дрвокрадци фатени на дело на Плачковица – шумската полиција ги откри!
  • Тажна вест: Шестгодишно дете почина во болницата во Велес!
  • (ФОТО) Бугарија избра жена за претседател!
  • Чувар почина на работа во екстремен студ! – Да му помогнеме на неговото семејство!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Еден милионер на секои 12 жители! – Еве како Милано стана најбогатиот град во Европа

Еден милионер на секои 12 жители! – Еве како Милано стана најбогатиот град во Европа

23/01/2026
(ВИДЕО) Дрвокрадци фатени на дело на Плачковица – шумската полиција ги откри!

(ВИДЕО) Дрвокрадци фатени на дело на Плачковица – шумската полиција ги откри!

23/01/2026
Тажна вест: Шестгодишно дете почина во болницата во Велес!

Тажна вест: Шестгодишно дете почина во болницата во Велес!

23/01/2026
(ФОТО) Бугарија избра жена за претседател!

(ФОТО) Бугарија избра жена за претседател!

23/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Еден милионер на секои 12 жители! – Еве како Милано стана најбогатиот град во Европа
  • (ВИДЕО) Дрвокрадци фатени на дело на Плачковица – шумската полиција ги откри!
  • Тажна вест: Шестгодишно дете почина во болницата во Велес!
  • (ФОТО) Бугарија избра жена за претседател!
  • Чувар почина на работа во екстремен студ! – Да му помогнеме на неговото семејство!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.