Фото: Принтскрин
Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова имаше „лајв“ со Бојан Јовановски Боки 13, каде што беше присутен и јутјуберот Ритко.
Гавазова кажа дека чувствувала потреба да објави порака преку социјалните мрежи.
„ Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови,а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови. Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период.
Лајвот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајв беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин.
Од мое име се извинувам до сите колеги и драги соработници кои беа навредени или опсувани. Искрено, не знам дали Боки ќе се извини, па затоа почувствував дека јас морам да го сторам тоа.
Што се однесува до Ритко – сè беше чиста шега.
Целта беше само да ве забавуваме, и ништо повеќе“, напиша Гавазова.
@ritko_clips Suzana ke mu gotvi na Ritko @ritko.mdfk #fyp #ritkomdfk #clips #zatebe #boki ♬ original sound – RitkoMDFK_Clips

