Фото: Принтскрин
Амела Мемиш Апостоловска, мајката на Леон, објави дека нејзиниот син ќе настапи на „Златно Славјче“.
На 22 ноември Леон ќе биде дел од изведбата на песната „Гуш и бац“.
„Вчерашниот повик беше вистинско изненадување, полно со радост и возбуда. За Леон, дете кое некогаш седеше тивко во публиката, да стои денес на сцената меѓу многу другарчиња е повеќе од настап тоа е чекор на храброст, интеграција и признавање.Овој момент го доживуваме како силна порака а тоа е дека секое дете, без разлика на своите развојни предизвици, заслужува да биде видено, покането и прифатено. Благодарни сме за поддршката и инклузивниот дух кој го покажаа организаторите.За Леон ова не е само настап ова е доказ дека секој мал свет може да блесне кога ќе му се даде простор, љубов и разбирање“, објави Амела.
