Фото: Принтскрин
Авто-школите ја зголемија цената на обуките за 8.500 денари, односно околу 35 проценти и таа важи од 1 ноември годинава.
Одлуката за поскапување била донесена од Здружението на авто-школи, па така сега за Б-категорија наместо 24.500 денари ќе се плаќа 33.000 денари.
Дополнителен час за возење во иднина ќе се наплаќа 1.000 денари.
