Фото: Ali Ahmeti/Facebook
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес јавно ја искажа својата поддршка за протестот што го организираше ОВЛ УЧК во Стразбур, извести Ора њуз.
Ахмети истакна дека токму тука започнала неправдата против ОВК и албанскиот народ.
„Овој суд не го исполнува своето вистинско мисија, туку пресудите се базираат на клевети од Србија, со поддршка од Русија. Хашими, Кадриу, Реџепи, Јакупи и другите се сојузници на Америка и Косово и нивното место е во Косово“, порача Ахмети.
Тој додаде дека невиноста на поранешните лидери е потврдена од американските и европските партнери во Хаг и повика на нивно ослободување.
„Неправдата мора да запре веднаш. Целиот албански народ бара правда за светоста на нашата ослободителна борба“, напиша Ахмети.
Протестот се одржува денес од 13:00 часот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.
