Најмалку девет лица го загубија животот по ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија.
Вулканот Лаки-лаки, сместен на островот Флорес, почнал да еруптира во неделата, во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи жешка лава, вулканска пепел и карпи. Властите веднаш го подигнале нивото на опасност за вулканот на највисок степен.
„По ерупцијата дојде до прекин на електричната енергија. Потоа врнеше, а силните молњи предизвикаа дополнителна паника кај жителите во околината на вулканот“, изјави за Хади Виџаја, портпарол на Центарот за вулканологија.