Македонија повторно се движи напред, а младите покажуваат дека се подготвени и одговорни да ја носат иницијативата за подобрување на состојбите во земјата.
По завршувањето на локалните избори и формирањето на општинските совети, Унијата на млади сили (УМС) уште еднаш го потврди својот статус како клучен генератор на нови кадри и иновативни политики со визија за иднината. Поддржани од искуството на ВМРО-ДПМНЕ и препознавајќи ја енергијата на најголемата младина во државата, УМС денес брои над 100 советници низ општините и три пратеници во Собранието – рекорден број кој произлегува директно од организацијата.
Овој успех е резултат на континуирана работа, упорност и посветеност. Тоа е доказ за зрелоста, кредибилитетот и довербата што младите ја градеа со години.
На неодамнешниот состанок со новоизбраните советници, беше истакната обврската за чесно, посветено и дисциплинирано работење во интерес на младите и сите граѓани. Политичките функции за УМС не се привилегија, туку одговорност кон државата и идните генерации.
Целта на младите не е само да констатираат проблеми, туку активно да создаваат услови за нивното решавање. Тие се стремат да ги вклучат младите во процесите, да ги охрабрат за дискусии, да предлагаат решенија и да ја почувствуваат локалната самоуправа како свој автентичен простор.
Без разлика дали станува збор за комунални прашања, урбанистички планови, спорт, култура, образование, младински иницијативи или екологија – младите ќе покажат дека можат поинаку, подобро и дека резултатите што ги носат ќе бидат енергични, иновативни и насочени кон подобро утре.
УМС останува единствена организација која е кредибилен партнер на младите и која може да испорачува конкретни резултати. Организацијата ги повикува сите заинтересирани да се приклучат и со своите идеи и вештини да покажат дека младите не се само иднината, туку силата што ја движи Македонија напред, тука и сега.
