Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се посочува дека во студентскиот дом „Пелагонија“ има ужасни услови за живот.
На снимката која ја испратиле студентите до „Студентарија“ се прикажува како глувци се шетаат по таванот од тоалетот во студентскиот дом.
„’Од глувци ли се плашите?’, бил одговорот што го добиле студентите од службите во домот откако пријавиле дека во тоалетот им се наоѓаат група глувци,“ се вели во објавата на „Студентарија“.
