Газдата на познатиот скопски фаст фуд ланец „Baking Bread“, Мише Цвејевски, направи потег што ретко се гледа во македонски услови – му подари нов автомобил на својот долгогодишен вработен Антони.
Како што вели Цвејевски, Антони бил со него уште од првите денови, кога брендот едвај опстанувал, па сè до денес кога „Baking Bread“ е препознатливо име во Скопје.
„Антони беше до мене кога беше најтешко. Никогаш не рече ‘не’, секогаш беше подготвен да помогне и да даде сè од себе. Ова не е подарок, ова е признание за сите години лојалност и труд,“ изјави Цвејевски.
Гестот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде многумина го пофалија односот меѓу газдата и неговиот тим – вистински пример за тоа како се вреднува човечката посветеност.

