Во турскиот град Маниса се случи вознемирувачки настан – директор на локално училиште насилно турна дете со аутизам по скали. Инцидентот се случил во населбата Тургутлу, а директорот Б.Г., кој го нападнал ученикот од петто одделение, веднаш бил приведен.
Главниот обвинител во Тургутлу ја започнал истрагата по настанот, при што беа обезбедени снимки од безбедносните камери на училиштето како доказ. Директорот, по јавноста на случајот, е отпуштен од својата функција, соопштија од канцеларијата на гувернерот на округот.
