Фото: Јордан Митев
Македонскиот пејач Јордан Митев со прекрасна вест ги израдува своите фанови, откако сподели дека наскоро ќе биде објавена песната посветена на неговиот син Кристијан.
Кристијан се роди на Крстовден оваа година, а Митев ја најави новата песна преку социјалните мрежи, при што доби честитки од своите фанови.
„Почитувани пријатели и фанови. Наскоро излегува уште една моја нова песна, овој пат посветена на мојот син, и на сите македонски синови кои што ќе се раѓаат во иднина. Пред точно 20 години во овие ноемвриски денови започнав да го снимам мојот прв аудио албум кој тогаш го насловив ‘Македонски везови’ и тогаш ги поставив темелите на мојата професионална музичка кариера. После 20 години исто така во ноемвриски денови, последната страница од мојата книга со наслов ‘Јордан Митев’ ја испишувам со песна посветена на мојот новороден син. Очекувајте наскоро, поздрав до сите каде и да сте!“, објави Митев.
