Во најновата репортажа на „TV ŽIVA ISTINA“, водителот го посети родниот град на легендата на Македонија, за да направи емотивна приказна посветена на Тоше Проески, човекот чии песни и денес одекнуваат со истата сила.
Во прилогот се опишува животниот пат на Тоше, неговата искреност, човечност и музички успех кој ја надмина границата на Македонија. Но најемотивниот момент доаѓа кога екипата добива дозвола да сними место каде досега никој немал пристап – креветот на кој спиел Тоше, во манастирот што лично помогнал да се изгради.
Овие емотивни сцени ги разнежуваат сите што го гледаат видеото и потсетуваат на големината на човекот кој остави трага засекогаш во срцата на луѓето.
Нека почива во мир, нашата музичка икона, Тоше Проески.
