Фото: Принтскрин
Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека минималната плата во државата од 1 јануари 2026 година ќе биде 500 евра, но тоа е само почеток на растот на платите.
Рама кажа дека минималецот ќе се зголеми за 307.850 вработени во Албанија, а до крајот на мандатот минималната плата треба да достигне 700 евра.
Во моментов, Албанија има минимална бруто плата од 408 евра.
