Фото: Принтскрин
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати од Брисел пред учеството на Самитот за проширување на Европската унија (ЕУ).
Вучиќ за извештајот на Европската комисија имаше краток коментар.
„Дали мислите дека Србија е помоќна или поважна земја од Турција? Или од Црна Гора? Немој луѓе да си играме. Ако мене ме прашате, ние имаме избор. Утре да ѝ воведеме санкции на Русија. Утре да го признаеме Косово, веднаш ќе бидеме примени во ЕУ. Само кажете ми, дали сакате тоа да биде наша политика? Јас мислам дека не треба да го признаеме Косово“, кажа Вучиќ.
