Фото: Принтскрин
Светлана Цеца Ражњатовиќ се појави лута пред новинарите откако во претходните денови е главна тема поради бугарското знаме кое го вееше во Велес.
Цеца кажа дека постојат многу поголеми скандали за кои треба да пишуваат, а воедно порача дека никој не ја избркал од бината во Велес.
„Зошто ништо не истраживте? Пласирани се лаги дека ми го прекинале концертот и насилно ме избркале од бина, но дали е тоа точно? Пеев повеќе од два ипол часа…“, вели Цеца.
