Во вториот круг на локалните избори во Македонија, кандидатите на ДУИ доживеаја значајни порази. Единствено во Студеничани нивниот кандидат успеа да обезбеди победа, додека во останатите општини со големо албанско население коалицијата не успеа да се избори за градоначалничката позиција.
ДУИ загуби во Кичево, Струга, Дебар и Тетово, што се смета за најголемо политичко потфрлување на партијата и Али Ахмети од 2022 година до денес. Кандидатите на коалицијата Вреди, пак, остварија значајни успеси во овие општини, додека преминувањето на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците кон коалицијата НАИ не донесе посакуван резултат за ДУИ.
Во Студеничани кандидатот на НАИ, Ејуп Абази, славеше тесна победа со 4.353 гласа, пред независниот Азем Садики кој доби 4.159 гласа. Во Струга, Арсим Далипи од НАИ загуби со 11.695 гласа од независниот Менди Ќура кој освои 12.371 глас. Во Тетово, Бајрам Реџепи од ДУИ беше поразен од Билал Касами од Вреди со разлика од околу 5.000 гласа.
По првиот круг ДУИ прогласи победа во Гостивар, Липково, Пласница и Чашка. Со победата во Студеничани, партијата најверојатно ќе управува со вкупно пет општини во следните четири години.
