Фото: Принтскрин
Светлана Цеца Ражњатовиќ одржа концерт во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, но на истиот направи скандал откако развеа бугарско знаме и тоа ги налути нејзините фанови.
Цеца потоа се обиде да ја корегира грешката и извади македонско знаме кое го бакнуваше, но тоа не помогна да ги смири фановите, по што мораше да ја напушти салата.
Иако поминаа 12 часа (до моментот на објавување на оваа статија) од инцидент, сепак пејачката сè уште не се извини за нејзиниот потег во Велес со кој дефинитивно загуби дел од фановите во Македонија.
Видеото може да се погледне ТУКА.
