Македонските средношколци постигнаа извонреден успех на Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ), која оваа година се одржа во Ларнака, Кипар. Нашиот тим се враќа дома со сребрен и бронзен медал, како и две олимписки пофалби.
Според информациите од Здружението на информатичарите на Македонија, сребрениот медал го освои Марко Кренков, бронзениот Владимир Грчев, додека Зоран Илијоски и Јаков Грујовски добија олимписки пофалби за своите извонредни резултати.
Големи честитки до овие талентирани млади информатичари кои уште еднаш ја потврдија посветеноста и знаењето на македонските ученици во областа на информатиката.
Фото: ЗИМ

