Фото: Принтскрин
Едно дете загина, а уште седум деца и еден возрасен маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово, на 29 октомври, на автопатот меѓу Нови Сад и Белград.
Несреќата се случила околу 3:30 часот, кога комбе излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и завршило во канал, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Во возилото се наоѓале осум деца на возраст од 13 до 16 години, членови на Џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.
