Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва повторно имаше критики за премиерот Христијан Мицкоски, откако претходно беше приведен директорот на ЈП „Комунална Хигиена“.
„Во режијата на МВРО на Мицкоски за приведување на директорот на Комунална хигиена, заборавиле на ДИКТАТОРОТ да му кажат дека сега нема кој да потпишува во претпријатието, за да може и со тие неколку камиони што не успеале да ги саботираат да се собира отпадот.
Почитуван РЕЖИМСКИ ДИКТАТОРУ, бидејќи вети за 72 часа ќе бил исчистен отпадов, ајде таман денес вторник дај име од утре за директор бидејќи овој што не ти чинеше го уапси, да видиме кој е тој ТВОЈ јунак што ќе го исчисти за 3 дена градот.
Таман до петок пред избори да е чисто, гордо во недела да те гласаат сите“, објави Арсовска.
