Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остро ја осуди изјавата на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од партијата Вреди, Хаќим Рамадани, оценувајќи ја како сериозна грешка.
Рамадани повика на „обединување на Албанците“ за Брвеница да стане „албанска општина“, а тоа премиерот го оцени како опасен и штетен повик.
Рамадани во моментов ја извршува функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, а неговите зборови предизвикаа бурни реакции во јавноста и осуди од повеќе страни.
