Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Скопјанец со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити

Gladiator 26/10/2025

Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 25-годишен жител на главниот град, осомничен дека во рок од само три дена ограбил две експозитури на истата компанија за брзи кредити.

Според обвинителството, при разбојништвата тој употребил оружје и успеал да одземе вкупно 85.500 денари.

„Осомничениот 25-годишен скопјанец, на 15 август годинава извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, од каде со закана со огнено оружје – пиштол кон вработената одзел пари во вкупен износ од 60.500 денари. Тој влегол во објектот и седнал на едно од столчињата за странки, а кога оштетената го прашала колку пари сака, осомничениот извадил пиштол и ѝ рекол да ја отвори касата. Вработената, исплашена за сопствениот живот, од фиоката ја извадила касата, ја ставила на бирото и ја отворила, па осомничениот ги зел сите пари кои биле внатре и избегал.

Три дена подоцна, од објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, осомничениот на сличен начин, заканувајќи се со пиштол, го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари. Ја напуштил продавницата, упатувајќи се во правец на плоштадот „Македонија“. По пат го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар, по што избегал во непознат правец. По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска.

Со оглед на тоа, јавниот обвинител оцени дека се уште постои висок ризик тој повторно и сега да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и веројатност да го повторува делото, па од судијата на претходна постапка обвинителството побара да му биде определена мерка притвор“, соопшти Обвинителството.

Tags: брзи кредити крадец

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Братот на избоденото момче во Струга: Ова лице со нож од 30 см се обиде да го убие брат ми
Next: (ВИДЕО) Македонка запеа безвременски хит и воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“

Слична содржина

(ВИДЕО) „Ако падне Украина, тоа ќе биде катастрофа за Унгарија“: Орбан со предупредувачка порака

(ВИДЕО) „Ако падне Украина, тоа ќе биде катастрофа за Унгарија“: Орбан со предупредувачка порака

21/12/2025
(ФОТО) Ова е момчето кое загина во тешката сообраќајка додека патуваше кон Македонија

(ФОТО) Ова е момчето кое загина во тешката сообраќајка додека патуваше кон Македонија

21/12/2025
Повторно зголемување на минималната плата, еве за колку се предлага да биде

Повторно зголемување на минималната плата, еве за колку се предлага да биде

21/12/2025

Најново

  • (ВИДЕО) „Ако падне Украина, тоа ќе биде катастрофа за Унгарија“: Орбан со предупредувачка порака
  • (ФОТО) Ова е момчето кое загина во тешката сообраќајка додека патуваше кон Македонија
  • Повторно зголемување на минималната плата, еве за колку се предлага да биде
  • Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа
  • (ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Ако падне Украина, тоа ќе биде катастрофа за Унгарија“: Орбан со предупредувачка порака

(ВИДЕО) „Ако падне Украина, тоа ќе биде катастрофа за Унгарија“: Орбан со предупредувачка порака

21/12/2025
(ФОТО) Ова е момчето кое загина во тешката сообраќајка додека патуваше кон Македонија

(ФОТО) Ова е момчето кое загина во тешката сообраќајка додека патуваше кон Македонија

21/12/2025
Повторно зголемување на минималната плата, еве за колку се предлага да биде

Повторно зголемување на минималната плата, еве за колку се предлага да биде

21/12/2025
Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа

Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа

21/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Ако падне Украина, тоа ќе биде катастрофа за Унгарија“: Орбан со предупредувачка порака
  • (ФОТО) Ова е момчето кое загина во тешката сообраќајка додека патуваше кон Македонија
  • Повторно зголемување на минималната плата, еве за колку се предлага да биде
  • Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа
  • (ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.