
Вечерва повторно дојде до инцидент со вооружено пукање во скопската општина Арачиново, потврдуваат извори.
Според информациите на порталот „24Инфо.мк“, во инцидентот се повредени две лица. По нападот, повредените лица биле веднаш пренесени во Ургентниот центар, каде што им била укажана медицинска помош.
Засега нема детални информации за причините или околностите под кои се случил инцидентот, ниту за состојбата на повредените. Наскоро се очекуваат повеќе информации од Министерството за внатрешни работи (МВР).