Фото: Принтскрин/aviationbeast
За време на летот, еден пилот на комерцијален авион дознал дека штотуку станал татко – веста му пристигнала преку поракa што се појавила на екранот во пилотската кабина.
Пораката, испратена од тимот на авио-компанијата, го известувала дека неговата ќерка се родила безбедно, придружена со честитки и убави желби за мајката.
Колегата од екипажот го забележал моментот со фотографија, која брзо се проширила на социјалните мрежи.
