Фото: Принтскрин
Ноќта на 23 октомври 2025 година, околу 00:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово привеле 21-годишен жител на селото Голема Речица, со иницијали С.Ш.
„Полицијата постапила по претходна пријава дека истиот ден во 10:00 часот во село Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв” со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа“, соопшти МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и ќе биде поднесена пријава.
