Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Доктор предупредува од апокалиптично сценарио: Ѓубрето создаде идеални услови за размножување на глувци во Скопје

Gladiator 23/10/2025

Фото: Aleksandra Lozanoska

Доктор Драган Даниловски испрати предупредување до јавноста поради ѓубрето кое се наталожи низ улиците на главниот град.

Тој смета дека е загрозено здравјето на граѓаните и создаде се идеални услови за глодарите.

„Во Скопје последниве месеци (и години) сме сведоци на состојба што сериозно го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ практично не функционира, а купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите.

Оваа слика веќе не е само прашање на естетика или урбан ред — туку прашање на јавно здравје.

Состојбата кулминираше со немил настан: дете беше каснато од глушец во училишен двор, во чија непосредна близина имало насобрано ѓубре. [1]

Тоа не е повеќе инцидент, туку симптом на системски распад. Прашање е на време кога ваквиот немар ќе доведе и до пренос на зараза.

„Мијазмата“ во нашата метропола — за која предупредував уште во јули 2023 година (ФБ статус од 11 јули 2023) — не само што не исчезна, туку се продлабочи. [2]

Купиштата ѓубре создадоа идеални услови за развој и размножување на глувци и стаорци – познати преносители на сериозни заразни болести: лептоспироза, хантавирус, па дури и бубонска чума.

Тие болести се пренесуваат преку урината, изметот, плунката и болвите на глодарите.

Познато е дека стаорците се размножуваат според експоненцијална прогресија: во период од само 18 месеци еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци.

Тоа е биолошки факт. Експоненцијалниот модел претпоставува неограничени ресурси како храна, вода и простор. Таа претпоставка во Скопје е исполнета!

Прашањето што се поставува е:

Колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци (и години)?

Епидемиолошките ризици во вакви услови се реални и растат експоненцијално.

Историјата нè потсетува дека неконтролираното ширење на глодари може да има катастрофални последици.

Во Средниот век, меѓу 1347 и 1352 година, бубонската чума („црната смрт“) однесе од 75 до 200 милиони животи – речиси половина од населението на Европа.

Секако, денес имаме научна медицина, јавноздравствени системи и антибиотици, но би било неодговорно да дозволиме да се создава биолошки резервоар на зараза во срцето на главниот град.

Каснувањето на дете од глушец во училишен двор е црвена линија што не смееше да се премине!

Преминат е Рубиконот. Нема назад.

Во медицината постои еден етички принцип – Primum non nocere („пред сè, не прави штета“).

Тој принцип мора да важи и надвор од медицината: за сите професии и институции што имаат допир со граѓаните.

Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето и безбедноста на децата и граѓаните.

Потребна е најитна, координирана интервенција на сите надлежни институции – по потреба и со прогласување вонредна состојба на делови од територијата на градот. Првенствено заради дезинфекција, дезинсекција, дератизација и отстранување на ризикот по јавното здравје.

Откако опасноста ќе се неутрализира, мора да следи и јасна институционална одговорност.

Зашто, правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин“, објави д-р Даниловски.

Tags: ѓубре скопје

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Огромни стаорци шетаат низ Скопје – еден од нив касна дете
Next: (ВИДЕО) „Додека градските власти спијат, ние го чистиме Скопје“: Ѓорѓиевски во акција за средување на хаосот во градот

Најново

  • (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!
  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

(ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

24/03/2026
(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

24/03/2026
(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

24/03/2026
(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!
  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.