Сопругата на починатиот Андреј, член на македонскиот бенд ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани во март оваа година, на својот профил објави емотивна посвета за нивната ќерка Јана.
Во објавата, таа напиша:
Посветената песна од тато за Јана ![]()
Ја чуваме како спомен од најчистата љубов, безрезервна, бескрајна и најголема на целиот свет.
Моја Јанушка…
Како тивка молитва што те успиваше со неговиот глас, со љубов што само тато може да ја подари.
А оваа песна е нашиот глас до него и потсетник дека љубовта не завршува тука…
И секој пат кога ќе ја слушнеме, знаеме дека тој е со нас…![]()
Објавата на сопругата на Андреј ја потсетува јавноста на големата трагедија, но и на вечната врска меѓу таткото и ќерката, која љубовта не може да ја избрише.


