Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски одговори на објавата која ја имаше оџата од Бутел 2 на социјалните мрежи.
Костовски објави дека оџата најверојатно бил погоден од големиот пораз и затоа има предлог за него.
„Оџата од Бутел 2 не собра сила да честита за победата. Добро, можеби го погоди големиот пораз па затоа би му предложил нешто.
Тој и така има желба да стане политичар, еве следните избори го чекам него како кандидат на ДУИ во Бутел (ако не се распадне партијата)
П.С Ако не, барем заедно да го отвориме историскиот проект за Љуботен, вода за сите. Ја чекаа 30 години. Може и градинката во Бутел 2.
Со почит,
Градоначалник на општина Бутел
Дарко Костовски“, објави градоначалникот.
