Фото: Орце Ѓорѓиевски
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека добил голема поддршка пред вториот круг од изборите каде што ќе се бори против Амар Мециновиќ од Левица за градоначалничкото место.
Ѓорѓиевски соопшти дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, како и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.
„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.
Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред“, соопшти Ѓорѓиевски.
