Фото: Принтскрин
Една од најпознатите балкански пејачки Гога Секулиќ се соочила со голема непријатност затоа што нејзина фотографија завршила на сајт за возрасни.
Секулиќ објави дека нејзина фотографија во бикини била објавена на сајт за возрасни, при што решила да ангажира адвокат и да ја бара правдата поради тоа што сликата била злоупотребена.
„Пред 10 дена ми испратија фотошопирана слика од мене во бикини, горниот дел е отстранет, а градите на некоја друга жена се додадени. Од тоа некои заработуваат пари, јас преку адвокат ќе ја барам правдата“, кажа Гога.
