Фото: Владимир Блажев - Панчо
Пејачот на групата ДНК, Владимир Блажев – Панчо почина на 14 октомври по повеќемесечна борба со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Панчо и Андреј беа познати во македонската јавност и ја забавуваа со години, па засекогаш ќе бидат запаметени и ќе имаат посебно место во срцето на македонската публика.
На социјалните мрежи почна да се споделува една од објавите на Панчо од 2017 година во која тој има напишано како изгледале почетоците на нивните кариери.
„Сè започна спонтано. Почнавме како деца со искрена љубов кон музиката. Ентузијасти пред се, без ничива помош. Често исмејувани дури и од блиските другари и пријатели. Неприфатени од новинарите, а спонзорите ни спуштаа телефон уште недокажани
Работевме конобари, шанкери, рецепционери, продавачи, менаџери по кафулиља, флотери по туѓи земји, идевме пешки од еден крај на градот до друг бидејќи немавме пари ни за автобуска карта, а кола и бензин беа мисловна именка за нас
Пиевме туѓи пијачки по диска, бегавме од бурекџилници бидејќи немавме да платиме после град
Носевме едни исти патики, маици, дуксови и јакни долго време бидејќи нашите родители едноставно немаа
Но ништо од тоа не ни беше пречка да веруваме силно во тоа што го сакаме и во тоа што сакаме да го работиме искрено и од СРЦЕ. Некогаш во животот се е ТЕСТ испратен одозгора да види УНИВЕРЗУМОТ колку вистински го посакуваш тоа за кое си допрен од БОГА. Нема да кажам дека сме успеале, но со ГОРДОСТ ќе кажам дека сме останале ЛУЃЕ и не се срамиме буквално од ништо во минатото. Тоа сме ние ПАНЧО и АНДРЕЈ. За некој не талентирани, за некој фејкери, за некој мамини и татини синови
И после 15-ет години ние сме истите овие ГИЛИПТАРИ кои ги гледате на оваа слика само малку подостарени кои работат чесно и се трудат исто како да е старт на нивната кариера. Секогаш достапни на сите, секогаш колегиални и спремни за помош во секое време. Ви благодариме на сите оние кои верувавте и неверувавте во нас. Они кои не миниравте но и оние кои секогаш ни ја дававте вашата безрезервна поддршка. Се гледаме во ПЕТОК 15 години ДНК: Голем роденденски концерт!
Ваши Панчо и Андреј“, пишува во објавата.
