Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи преку групата „stop_zameni-stanovnistva“, но и други, се најавуваат големи протести во Србија за 24 октомври од 19 часот.
Според објавите, граѓаните ќе излезат на мирен протест за да го искажат револтот против доаѓањето на мигранти во нивната држава.
Тие наведуваат примери од соседството, меѓу кои и Хрватска, дека има примери на кривични дела кои ги прават мигрантите во државите.
„Да спречиме ова да стане Србија. Да ја спречиме замената на населението. Затоа на 24.10.2025 ќе излеземе на плоштадот на Републиката“, се вели во објавата.
