Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Научниците создадоа „универзален бубрег“ – би можел да одговара на било која крвна група

Gladiator 19/10/2025

Фото: Принтскрин

Тим научници од Канада и Кина направија револуционерен чекор во медицината – создадоа таканаречен „универзален бубрег“, кој би можел да се користи за трансплантација кај пациенти со било која крвна група. Откритието, според експертите, може значително да го намали глобалниот недостиг од донорски органи.

Како што објави порталот ScienceAlert, истражувачите успеале со помош на специфични ензими да ги отстранат антигените на крвната група А од површината на бубрегот донор. Со тоа, органот бил „претворен“ во тип О – универзална група што не предизвикува имунолошка реакција кај примателот. На овој начин, еден донорски орган би можел теоретски да биде компатибилен со многу поголем број пациенти.

Експериментот бил изведен на бубрег трансплантиран кај пациент со мозочна смрт, со одобрение од неговото семејство. Истражувачите го следеле функционирањето на органот во реални услови и забележале дека неколку дена по операцијата бубрегот работел нормално, без знаци на одбивање. Ова се смета за голем успех, бидејќи кај некомпатибилни трансплантации обично настанува брза и тешка имунолошка реакција.

Сепак, третиот ден по трансплантацијата научниците забележале повторна појава на антигените од типот А, што предизвикало реакција на имунолошкиот систем и прекин на работата на органот.

И покрај тоа, истражувачкиот тим смета дека овој резултат претставува клучен доказ дека органите можат привремено да се „неутрализираат“ со ензимски третман и да станат универзално применливи.

Стручњаците додаваат дека, доколку технологијата се усоврши, пациентите со крвна група О – кои моментално најдолго чекаат на трансплантација бидејќи можат да примат орган само од донор со иста група – би можеле да имаат многу поголеми шанси за навремено добивање на соодветен орган.

„Ова би можело целосно да го промени начинот на кој размислуваме за компатибилноста при трансплантација“, велат научниците.

Tags: бубрег доктори научници

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Вонредна состојба во Париз, врие од полиција: Не влегувајте внатре, опасно е
Next: (ВИДЕО) Стоп за мигрантите: Најавен голем протест во Србија

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.