Пред неколку денови почина Владимир Блажев – Панчо, фронтменот на легендарната македонска група ДНК. Неговата смрт дојде како резултат на компликации по големите повреди што ги здоби во катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани во март годинава. Последиците од пожарот предизвикаа откажување на бубрезите и белите дробови, што се покажаа како фатални за музичарот.
Една од последните објави на Панчо на неговиот ФБ профил пред трагичниот настан била:
“Една од моите најлоши навики е тоа што се грижам за другите луѓе, дури и тогаш кога многупати ме повредиле.”

Оваа искрена порака сега звучи како предзнак за неговата емотивна и тешка борба со последиците од несреќата. Панчо ќе остане запаметен не само по својата музика, туку и по огромното срце и неговата хуманост која ја имаше за луѓето околу себе.
