Фото: Принтскрин
Неколку дена пред да се појави видеото во кое се гледа како докторот од Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, подготвува бела прашкаста материја и зборува за нејзиниот квалитет, во полициската станица Карпош била поднесена пријава против него. Според информациите, 54-годишна жена од Скопје уште од септември добивала заканувачки пораки од Кузмановски и тоа го пријавила во полиција неколку дена пред објавувањето на видеото. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека случајот е евидентиран и дека се подготвува поднесок против докторот.
