Фото: Принтскрин
Несекојдневен и шокантен инцидент се случи во петокот во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, кога маж се искачил на главниот олтар и уринирал пред очите на стотици туристи. Настанот, кој го објави италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, предизвика згрозеност кај јавноста и остри реакции од верските кругови.
Според сведоштвата, мажот се приближил до олтарот на исповедта — еден од најсветите делови на базиликата – и извршил нужда пред да биде веднаш приведен од обезбедувањето. Сцената се одвивала во тишина и неверување на присутните посетители, а дел од нив снимиле видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи.
