Фото: Vlado Misajlovski
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој престојува во Брисел на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, изјави дека Македонија останува подготвена да ја продолжи поддршката за Украина, но нагласи дека секоја помош што се дава мора соодветно да се надомести.
„Нашата земја и досега испратила повеќе пакети со поддршка, но сметам дека сега е важно секој даден ресурс да биде заменет. Не може постојано само да се дава без да се надомести изгубеното. Тоа е исправен пристап, бидејќи како министер за одбрана моја должност е да се грижам за македонската војска и за нашиот народ“, изјави Мисајловски за МИА.
Тој посочи дека во рамки на НАТО повторно се актуализира прашањето за помош на Украина, која има зголемени потреби за воени и материјални ресурси.
