Фото: Принтскрин
Маскирани вооружени лица, за кои се верува дека се припадници на Хамас, извршиле јавни егзекуции во неколку квартови во Појасот Газа, при што биле убиени најмалку 33 лица обвинети за шпионажа за Израел или за припадност на ривалски вооружени групи, пренесуваат повеќе извештаи и видеоснимки од теренот.
На социјалните мрежи се појавија шокантни видеа на кои се гледаат мажи принудени да клекнат, додека маскирани милитанти им пукаат во глава пред насобрани граѓани. Еден од снимките, чија автентичност ја потврди „ABC News“, бил лоциран во квартот Сабра во градот Газа. На видеото се гледаат вооружени лица со зелени траки — симбол поврзан со военото крило на Хамас — како изведуваат егзекуции пред толпа сведоци.
На официјалниот Телеграм канал на Хамас беше објавен истиот материјал со порака: „Силите за ослободување ја извршија смртната казна врз бројни соработници и криминалци во градот Газа.“
Безбедносни извори и очевидци изјавија дека серијата погубувања се случила само неколку часа по ослободувањето на последните израелски заложници во рамките на прекинот на огнот. Според експерти и локални активисти, ваквите егзекуции се толкуваат како брутален обид на Хамас да демонстрира апсолутна контрола врз улиците и да испрати порака на страв кон ривалските кланови и банди кои со години делуваат во Појасот Газа.
Вознемирувачкото видео може да се погледне ТУКА.
