Фото: Принтскрин
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека полицискиот службеник Владо Петров не починал во притвор, демантирајќи ги објавите што се појавија во јавноста. Од Обвинителството нагласуваат дека ниту еден од осомничените полициски службеници во случајот не се наоѓа во притвор, туку против сите се изречени соодветни мерки на обезбедување, објави „Фактор“.
Претходно, претседателот на Независниот полициски синдикат, Мартин Ефремов, на социјалните мрежи објави дека Петров починал и дека, како што наведе, од пензија бил испратен во притвор, што подоцна беше официјално демантирано.
Петров е еден од осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
