Фото: Принтскрин
Главниот сообраќаен инспектор во Кочани, Владо Петров, кој беше првоосомничен во случајот „Пулс“ поврзан со наводни неправилности при издавање дозвола за паркинг, синоќа почина.
Според првичните информации, Петров починал од срцев удар, а се претпоставува дека причината е силниот стрес поврзан со истрагата и обвинувањата што го оптоваруваа во последниот период.
Тој беше дел од првата група осомничени полициски службеници, бидејќи како главен инспектор ставил потпис на согласност за издавање дозвола за паркинг, што подоцна стана предмет на истрага.
