Вечерва македонската репрезентација го игра можеби најзначајниот натпревар во овие квалификации. Во Гент ќе се сретнеме со силната Белгија, против која во Скопје успеавме да извлечеме херојско реми на првото коло.
Нашите фудбалери повторно нема да бидат сами – трибините ќе бидат полни со навивачи кои ќе ги бодрат. Македонската „Фаланга“ полека се собира во фан-зоната организирана од Фудбалската федерација на Македонија, подготвувајќи се за вечерашниот дуел кој започнува во 20:45 часот.
Македонија моментално е лидер на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија, но со еден одигран натпревар повеќе. На третото место е Велс со 10 бода, кој ова коло е слободен.


