Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Зеленски „во проблем“: Украински херој ќе се кандидира за претседател!?

Gladiator 08/10/2025

Фото: Принтскрин

Високи украински воени функционери наводно добиле понуди да се најдат на парламентарната листа на поранешниот врховен командант на вооружените сили, Валериј Залужни, кој сè почесто се споменува како можен кандидат за претседателските избори.

Според францускиот портал Intelligence Online, извор запознаен со подготовките за евентуалната листа изјавил дека на неа би можеле да се најдат неколку генерали и високи офицери, доколку Залужни одлучи да влезе во политиката и да стане наследник на актуелниот претседател Володимир Зеленски.

Истиот извор наведува дека дебатите за можни наследници на Зеленски се водат веќе неколку години, иако дел од аналитичарите сметаат дека станува збор за проруски наративи насочени кон слабеење на украинското политичко единство.

Порталот дополнува дека Залужни засега не открива конкретни политички планови, а неговиот тим внимателно ги контролира неговите јавни настапи, меѓу кои и неодамнешните средби во Лондон. Покрај него, се споменува и Кирило Буданов, директор на украинската воена разузнавачка служба, кој наводно има свои претседателски амбиции. Невладина организација наречена „State Protection“ дискретно работела на промоција на неговата кандидатура.

Во август годинава, британскиот Guardian објави дека шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, го посетил Залужни во Лондон и му понудил да се приклучи на изборниот тим на претседателот, но тој ја одбил понудата.

Во февруари 2025 година, Залужни изјави дека нема намера да шпекулира за сопствена претседателска кандидатура, нагласувајќи дека тоа прашање би можело да стане актуелно само доколку украинската државност не е загрозена.

Најновата анкета на истражувачкиот центар „Рејтинг“ покажува дека мнозинството граѓани сè уште би гласале за Зеленски на претседателските избори. Сепак, на парламентарно ниво, голем дел од испитаниците би ја поддржале хипотетичката „Партија на Залужни“.

Валериј Залужни во украинската јавност ужива голема почит, особено поради неговата улога во одбраната на Киев и целата држава во првите денови од руската инвазија во 2022 година.

Tags: Валериј Залужни Володимир Зеленски Украина

Continue Reading

Previous: (Видео) Уапсена сопругата на докторот врз кого беше пукано во Куманово
Next: (ВИДЕО + ФОТО) Еве која млада Македонка од Мелбурн ја оживува музиката на Васка Илиева

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.