
Фото: Орце Ѓорѓиевски
Кандидатите за градоначалници на Скопје и Карпош, Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски, најавија дека планираат темелна трансформација на запоставениот простор покрај реката Лепенец.
Тие ветуваат дека по преземањето на функцијата, заеднички ќе го претворат овој дел од градот во симбол на еколошка ревитализација и модерно урбано живеење. Планот предвидува изградба на мегапарк што ќе се простира на површина од 300.000 квадратни метри.
„Ќе го претвориме ова подрачје во современ, зелен простор, уреден по европски стандарди. Паркот ќе се простира по течението на реката Лепенец на потегот меѓу Бардовци, Злокуќани и Даме Груев и ќе опфаќа површина од над 300 илјади квадратни метри“, кажа Ѓорѓиевски.