
Фото: Група Маестро
Ретка и несекојдневна свадбена церемонија се одржа викендов, кога двајца браќа истовремено ги кажаа судбоносните „да“ со своите избранички. Настанот, кој привлече големо внимание, беше исполнет со радост, традиција и силни семејни емоции.
„Имавме чест да бидеме дел од навистина ретка и незаборавна прослава – двајца браќа стапија во брак со своите прекрасни невести на заедничка свадбена церемонија. Оваа свадба, исполнета со љубов, радост и македонска традиција, покажа што значи вистинско семејно славје. Настанот беше исполнет со емоции и топлина, а вакви моменти се вистинска реткост во нашата држава. Голема чест и задоволство што токму ние, Група Маестро, бевме дел од оваа магична вечер“, објавија од Група Маестро.