
Фото: Принтскрин
Стојче Ѓоргиев од Грдовци трагично го загуби животот во Љубљана, а погребот ќе се одржи утре во неговото родно село.
39-годишниот Ѓоргиев, роден во кочанското село Грдовци, бил сурово претепан во центарот на словенечката престолнина.
„Во Словенија живеел последниве 17 години заедно со својот помал брат, работел како градежен работник и сè уште немал семејство. Според сведоците, бил дружељубив, мирен и вреден човек“, пренесува локалната „Tv Star – Телевизија Стар“.
Амбасадата на Република Македонија во Љубљана потврди дека добила известување од словенечката полиција за смртта на македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.
Видео: Tv Star – Телевизија Стар