
Фото: Принтскрин
Во вечерните часови на 4 октомври, околу 20:30 часот, на улицата „Товарник“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која автомобил марка „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, управуван од 76-годишен возач со иницијали П.Н., удрил во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години.
Двете девојчиња, кои се од Скопје, во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им била укажана медицинска помош.
На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје која извршила увид