
Фото: Атлетска Федерација на Македонија
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е големиот херој на годинашното издание на Скопскиот маратон, откако успеа да ја освои првата позиција во главната трка и тоа со феноменално време од 2 часа, 14 минути и 50 секунди.
Ивановски уште еднаш го покажа својот квалитет и докажа зошто е најдобар македонски атлетичар во моментов.
„Ова е триумф за цела Македонија, за сите Македонци“, кажа накратко Ивановски.
Во женска конкуренција победи Ирене Џеруто од Кенија со време од 2:38:21.