Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Мајка без струја и работа се бори да ја спаси својата ќерка од анорексија

Gladiator 04/10/2025

Фото: Принтскрин

Силвана Бркулјан преку социјалните мрежи сподели лична средба која ја разниша јавноста. Таа раскажа за жена од Скопје која, соочена со тешка животна состојба и борба за опстанок, побарала помош не за пари или луксуз, туку за две банани и батерии – основни нешта што за многумина се секојдневие, а за неа биле недостижни.

„20 часот! Истура! Автомобилите ги прскаат пешаците! Студи, бидејќи нагло залади, ретко кој од нас е адекватно облечен. Стојам на семафор, чекам зелено борејќи се со ветерот што ми го витка чадорот! Размислувам за парното и за дефектот во зградата во која живеам. И одеднаш се случува- живот!

На метар од мене застанува жена од 50сетина години. Слаба и потресена! Ме погледнува плашливо размислувајќи дали да ми се обрати! Ја погледнувам и со поглед ја охрабрувам. Ме прашува:

-,,Можам ли да ве замолам нешто?”

– ,,Повелете”, одговарам!

-,, Можете ли да ми купите две банани и од тие дебелите батерии во Стокомак?”

За миг останав зачудена. Не побара пари туку конкретни работи и за мене во тој миг неспоиви потребштини! И велам:

-,,Тргнав накај Веро, дали може таму да ги купиме?”, ја прашувам. Ми вели:

-,, Во Стокомак се поефтини”!

За миг размислувам дека ни е одпат, но некое чуство во стомакот ми налагаше дека ќе ја навредам доколку не ја послушам! Тргнавме во Стокомак. Молчиме и двете! Доаѓаме до продавницата и и велам да влеземе заедно за да ми покаже кои се тие ,,дебели батерии”. Ги зема батериите и две банани!

– ,,Ве молам земете повеќе” и велам! ,,Земете што и да ви треба”

Ме погледнува и тивко ми возвраќа:

-,,Ми треба и леб, ама тој е поскап и го има само во Веро”.

Во стомакот веќе чуствувам големо стегање. Одиме накај Веро. Дождот и студот веќе не го чуствувам! Тивко ми прозборува.

-,,Ќерка ми боледува од анорексија! По долга борба конечно почна да се опоравува и сега има 36 кила. Но храната за неа е многу скапа и специфична! Јас останав без работа, а и маж ми не напушти! Ве молам ако знаете некој да бара работничка… барам работа, ама… не можам да најдам! Никој не сака по неколку саата на ден да ме ангажира. А јас морам да бидам покрај неа цело време бидејќи има проблеми со дишењето и со тахикардии! “

Буица на зборови… тешки зборови!

-,,Батериите ми требаат бидејќи ми ја исклучија струјата, па имам една сијалица која работи на батерии”!

– ,,Побаравте ли помош?”, прашувам глупо!

-,, Секаде” одговара, ,,но не сум пријавена со лична карта во оваа општина” , под кирија сме”!

Влегуваме во Веро. И велам:

-,,Ве молам земете се што ви треба за ќерката”

Нема да раскажувам што се зема, бидејќи сето тоа беше многу скромно и во минијатурно количество и покрај моето инсистирање да земе повеќе. На каса, благајничката ми вели:

-,,Ја познавате ли жената”?

-,,Не”, одговарам.

-,,Доаѓаше неколку пати и бараше работа. Ама не можат да ја вработат бидејќи не може да работи повеќе од неколку часа. Не ја препознав од прва бидејќи е многу ослабната”.

На излезот, ме чека! Ме погледнува и сака да ми се заблагодари! И велам:

-,,Госпоѓо, не ми се заблагодарувајте за леб и за лек”

-,,Се заблагодарувам за вниманието. Не знаете колку понижувања доживувам секој ден”.

Го пишувам сето ова од една единствена причина. Ако некој знае како може да и се помогне на оваа жена, ве молам контактирајте ме во порака и јас ќе ви го дадам нејзиниот контакт“, се вели во нејзината објава.

Tags: исповед сведоштво силвана бркулјан

Continue Reading

Previous: Велешанецот осуден за кражба на ќебапите се бара со меѓународна потерница
Next: (Видео) Ноќеска гореше уште еден автомобил во Кисела Вода

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.